МАЛИ СЕРИИ. ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ.Персонализирани производи · 50 / 100 / по договор ↗
ЛОГОТЕКА / ТВОЕТО ЛОГО. НА СЀ.

Идеите се добри.
Опипливите се паметат.

Создаваме концепти за промотивни предмети што имаат место во секојдневието — на клучевите, на бирото, на масата, во следната кампања.

Концепти на 3Д брендирани производи
ОД БИТОЛА. ЗА ТВОЈОТ БРЕНД.

Мала серија.
Личен пристап.

Логотека е каталог за фирми што сакаат да претворат лого, боја или идеја во конкретен промотивен производ преку 3Д печатење.

Почнуваме со намената: кој ќе го користи предметот и зошто би го задржал? Потоа ги усогласуваме формата, материјалот, цената и количината.

Секој проект почнува со разговор и потврда на изведбата. 3Д печатењето има сопствена текстура со видливи слоеви — затоа примерокот е дел од добрата одлука.

Разговарај за твојата идеја ↗
01

Практичност

Подарок што има јасна употреба и причина да остане.

02

Идентитет

Лого и бои усогласени со твојот бизнис.

03

Примерок

Јасна изведба пред да започне целата серија.

04

Транспарентност

Цена, количина, материјал и рок потврдени однапред.